Брашно ќе се чува само во посебни магацини

Bez autora
Feb 11 2014

Посебни простории изградени од цврст материјал погодни за проветрување, чистење, дезинфекција и дезинсекција, со постојана температура од 25 степени и влажност на воздухот од 65 отсто и максимална хигиена на апаратурата што се користи за товарање и истоварање, се само дел од условите што мора да ги исполнат магацините за во нив да се чува брашно. Исто така, во магацинските простории мора да има погоден под на кој не се развиваат паразити, а вреќите во кои е спакувано брашното никако не смеат да се редат на него. Во новиот правилник, кој веќе е излезен во „Службен весник“ пропишани се десетина нови начини за ракување и за пакување со брашното с` со цел да јадеме безбеден производ, во кој ќе нема можност да се појават штетни материи.

Брашно ќе се чува само во посебни магациниПосебни простории изградени од цврст материјал погодни за проветрување, чистење, дезинфекција и дезинсекција, со постојана температура од 25 степени и влажност на воздухот од 65 отсто и максимална хигиена на апаратурата што се користи за товарање и истоварање, се само дел од условите што мора да ги исполнат магацините за во нив да се чува брашно.

Исто така, во магацинските простории мора да има погоден под на кој не се развиваат паразити, а вреќите во кои е спакувано брашното никако не смеат да се редат на него.

Во новиот правилник, кој веќе е излезен во „Службен весник“ пропишани се десетина нови начини за ракување и за пакување со брашното с` со цел да јадеме безбеден производ, во кој ќе нема можност да се појават штетни материи. Во Министерството за земјоделство велат дека правилникот е произлезен од новиот Закон за квалитетот на земјоделски производи и во него точно се опишува начинот на транспорт, манипулација и чување на брашното.

- Со законските измени е предвидено брашното да може да се стави во промет само ако има контролна маркичка. Со него може да тргува исклучиво оператор регистриран за таа дејност, а количините што ќе се увезат мора да се сместат во магацини со соодветни услови за чување. Содржината на влага и пепел ќе се испитува само во овластени лаборатории за квалитет - велат во Министерството за земјоделство.

Оттаму објаснуваат дека за да се допрецизира Законот, неминовно било носењето посебен правилник во кој ќе се одредат строго начинот на чување и манипулација со брашното.

- Правилникот не се носи за уредување на пазарот само годинава. Напротив, од него се очекуваат долгорочни ефекти - велат во ресорното министерство.

Според правилникот за да имаме квалитетно и безбедно брашно, амбалажата во која се пакува истото мора да биде обезбедена со пломба. На пакувањето треба да има декларација, а особено внимание се посветува на квалитетот на вреќите во кои се пакува брашното.

- Тие треба да бидат од јута, платно или хартија, а тежината на пакувањето треба да биде од 1 килограм до 25 килограми. Брашно може да се продава во рефусна состојба само ако за тоа операторот има придружен документ и ако условите за транспорт се на највисоко ниво - стои во правилникот.

Носењето на правилникот во државава доаѓа во исто време со откривањето афлатоксини во пченката во соседна Србија. Условите за појава на оваа мувла опасна за здравјето на човекот се токму несоодветните услови за чување на пченката и на брашното.

Вреќите да се редат накрсно

Освен посебен материјал за градба, складиштата во кои отсега ќе се чува брашното мора да имаат систем за регулирање на условите, средства за чистење на силосите и задолжително систем за мерење температура и влажност во секое време. Ако брашното е спакувано во вреќи што треба да се остават во складот, тие треба да се редат накрсно и да се остава простор меѓу нив за вентилација.

Ова е втор правилник за два месеца, кој ја регулира продажбата на брашно. Со измените минатиот месец кај нас, секој трговец со брашно е должен пред да го пушти во промет брашното секое пакување да го означи со контролна марка. Прописите велат дека контролните маркички треба да се видливи и читливи, а при отварање на пакувањето трајно се оштетуваат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik